П Р А В И Л А !
Добредојдовте на Colorful форумот!
Правилата ќе мораат да ги почитуваат сите членови
без разлика на статусот!
-Забрането е користење вулгарни изрази како и било кои другинавреди на основа на верата,националноста или било која друга припадност.
-Забрането е користење на повеќе никови (дупла регистрација)
-Забрането е да ја нарушувате туѓата приватност.
-Забрането е користење на големи букви (Caps Lock), бидејќи тој поим на интернет е дифиниран како викање.
-Забрането е дискутирање на политичка основа.
-Забрането е секој вид на рекламирање.
-Коментарите кои ги пишувате треба да имаат смисла, коментарот мора да биде јасен и разбирлив, потрудете се да користите зборови кои ќе бидат разбирливи за останатите членови. Администраторите имаат право да избришат коментар доколку сметаат дека не одговара на ова правило.
-Комуникацијата помеѓу членовите треба да биде примерна. Провокации и омаловажувања се најстрого забранети. Доколку дојде до конфликт или сметате дека некој друг член ве малтертира слободно обратете им се на администраторите и модераторите кои ќе го решат проблемот.
-Администраторите го задржуваат правото да банираат некој член или пак избришат некој материјал од форумот без претходно да преупредиле за тоа.
-Пожелно е да се користи Македонски Фонт (Кирилица)
Ги известуваме сите членови строго да се придржуваат за правилникот и да ги почитуваат правилата,бидејќи во спортивно ќе добијат опомена,а потоа казна која ќе ја одредат администаторите.
Ви посакуваме убави моменти и забавување на форумот.
Администрација!